Почитувани,
Денес, на покана од асоцијацијата Uniti per il futuro од Пјаченца, ја остваривме нашата прва заедничка средба, која траеше повеќе од два часа. На оваа средба се разговараше за повеќе наши и нивни иницијативи, при што сите заедно имавме една иста цел – обединување и сплотеност помеѓу иселениците во општина Пјаченца и пошироко.
Се надеваме дека оваа средба ќе донесе значајни резултати во соработката меѓу двете асоцијации. Како асоцијација, ја даваме нашата целосна поддршка за реализација на секој предложен проект што ќе биде од корист за сите наши сограѓани кои живеат и работат во овој дел од Италија.
Со почит,
Македонски Корени
Средба помеѓу македонските друштва „Обединети за иднината“ од Пјаченца и „Македонски корени“ од Понтенуре, Италија
7