Home Иселенички СтраниЕвропа Средба на иселениците од Хрватска со Премиерот Мицковски

Средба на иселениците од Хрватска со Премиерот Мицковски

by trinitymedia
16 views

Во рамките на официјалната посета на Република Хрватска претседателот на Република Северна Македонија Христијан Мицковски оствари средба со Македонци кои живееат и работат во Хрватска. Претседателот на Владата Мицковски, го придружуваа: министерката за образование и наука гѓа Весна Јаневска, министерот за надворешни работи г. Тимчо Муцунски, министерот за здравство г. Арбвен Таравари, нивни соработници и дипломатскиот персонал од македонската Амбасада во Загреб.

Претседателот на Владата и делегацијата ја посетија новоизградената Македонска православна црква во Загреб Св. Злата Мегленска, во чиј склоп се наоѓа новата салата „Тоше Проески„, која е дел од пасторалниот дел на црквата наменет за културно-друштвени активности и библиотеката која е во фаза на воспоставување. На средбата со претседателот на Владата Мицковски членовите на советите и претставниците на македонското национално малцинство во Хрватска, членовите на Заедницата на Македонците во Хрватска, наставничките по македонски јазик, парохискиот свештеник на МПЦ во РХ, членовите на други организации, здруженија, претставници на македонско-хрватскиот бизнис, и претставници на албанците со македонско потекло кои живеат во Хрватска ги претставија своите активности и важната улога во одржувањето и развивањето на македонскиот јазик, култура, верата и обичаите меѓу Македонците во Хрватска, изразувајќи благогодарност до локалните и државните власти на Хрватска за подршката и соработката во оставрувањето на културната автономија, одржување на македонскиот идентитет и остварување на правата и слободите кои ги имаат како малцинство и важноста на соработката со матичната држава.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија изрази исклучително задоволство и благодарност за ентузијазмот ангажираноста на Македонците во Хрватска. Истакна дека сме достојни претставници на матичната држава, со инспиративни идеи за што Владата ќе ја подржува нашата работа и активности.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!