Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, кој долги години со гордост ја носи титулата „Амбасадор на македонското хорско пеење“, ќе одржи концерт на 11 април, во 19 часот, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград.
Хорот „Менада“, предводен од маестро Ивица Зориќ, ќе се претстави со 50-минутна музичка програма, која во најголем дел ќе содржи духовна музика, а ќе бидат исполнети и неколку македонски евергрин композиции.
Истата вечер, ќе биде отворена и групната изложба со наслов „Два конца парај“, на која со свои дела ќе бидат претставени 24 уметници, кои се своевиден мост на поврзување и пријателство помеѓу македонската и српската ликовна уметност и култура.
Повеќе прочитајте тука: Со концерт на хорот „Менада“ и изложбата „Два конца парај“ почнува со работа македонскиот КИЦ во Белград – Слободен печат