Home Иселенички Страни Соња Лозановска од Торонто е добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“ на 24. Пелагониски културно – научни средби во битолско Новаци

Соња Лозановска од Торонто е добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“ на 24. Пелагониски културно – научни средби во битолско Новаци

by Rebeka Spasova
9 views

Соња Лозановска е познат и признат новинар, естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ од Торонто. Таа е овогодишен добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“, што ѝ го доделија на 24. Пелагониски културно – научни средби во Новаци, битолско.

Овогодишниот добитник на наградата „Златен клас за македонски вознес“, Соња Лозановска, околу триесет години е во новинарството  и е телевизиски презентер и водител, а денес е главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ во Торонто. Весникот ја сплотува македонската заедница во Канада преку страниците на црквите, во кои се објавуваат нивните месечни активности, тука се и редовните рубрики кои ја отсликуваат македонската заедница, а неретко се пренесуваат и извештаи и репортажи за настани од животот на Македонците во Канада и САД.

Прочитајте повеќе: СОЊА ЛОЗАНОВСКА ОД ТОРОНТО – ДОБИТНИК НА ПРИЗНАНИЕТО „ЗЛАТЕН КЛАС“ НА „24-ТЕПЕЛАГОНИСКИТЕ СРЕДБИ“

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!