Home » Состанок на Сојузот на македонските културни друштва од Р Словенија во Крањ

Состанок на Сојузот на македонските културни друштва од Р Словенија во Крањ

by Rebeka Spasova
33 views

Во организација на претседателот на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија, г. Бранислав Тасков, на 14 јуни 2025 г, се одржа состанок со претставниците на македонските културните друштва од Словенија во Крањ, на кој беше присутен и директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во придружба на соработникот Билјана Костова и амбасадорот Горан Милевски.

Од страна на друштвата беа присутни претставници од: МКД „Св. Кирил и Методиј“, Крањ, МКД „Кочо Рацин“, Обала, Копер, МКД „Билјана“ од Марибор, МКД „Македонија“ од Љубљана и МФГ „Калина“ од Љубљана.

На средбата една од точките беше проширување на Сојузот за две новоформирани друштва: МКД „Врхника“ и Организацијата на македонските студенти во Словенија, чии претставници исто така беа присутни.

По обраќањето од страна на претседателот Тасков, до присутните се обратија директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и амбасадорот на Република Македонија во Словенија, Горан Милевски. Сите претставници имаа можност за кратко претставување и најмногу се дискутираше за поддршката која можат да ја добијат друштвата од општините и од Р Словенија, поддршката од Македонија, околу наставата по македонски јазик, поддршка на фолклорните друштва со носии и учество на фестивали, печатење на книги на литературните членови и нивни промоции, како и други настани и потреби.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе