Агенцијата за иселеништво од 21 -26 јули 2026 година, ќе организира „Музичко-етнолошки камп“ во Берово наменет за деца и млади кои имаат интрес да се запознаат со македонското културно наследство преку музички и етно работилници, посета на културно-историски знаменитости и организирани екскурзии во регионот. За таа цел ги покануваме заинтересираните учесници да го пријават своето учество на електронската адреса на Агенцијата за иселеништво info@minisel.gov.mk.
Настанот ќе се одржи во Берово со хотелско сместување целосно покриено од страна на Агенцијата за иселеништво.
За програмата и деталите околу сместувањето заинтересираните учесници ќе добијат информации дополнително.