Драги наши Македонци во светот,
Агенцијата за иселеништво годинава по 18 пат, а прв пат под покровителство на претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицковски, ја организира Летната школа за учење македонски јазик. Школата ќе се одржи од 31.07.2026 до 06.08.2026 во Охрид.
Ве молиме да пријавите деца на возраст од 12 до 16 години и заради ограничениот број места да го направите тоа што побрзо. За сите детали околу одржувањето на Школата ќе бидете навремено информирани.
Ве чекаме во Охрид, да учиме мајчин македонски јазик и да се дружиме.
Лице за контакт: Искра Тројачанец Најденовска iskra@minisel.gov.mk
