Home » Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, пригодно го одбележa Денот на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј

Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, пригодно го одбележa Денот на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј

by Rebeka Spasova
11 views

По повод 24 Maj, Тинка Барбутов Крстева, проф. и м-р библ., одржи предавање со наслов „Светите браќа Кирил и Методиј“, потсетувајќи на нивниот животен пат, мисиите, продобивките и големата важност за писменоста на словенските народи и развојот на македонскиот идентитет чии темели ги поставија токму тие,  Барбутов Крстева ја истакна нивната најзначајна придобивка – Моравската мисија.

На интересен и сликовит начин говореше за создавањето на глаголицата, посебната азбука од 38 букви, според јазикот кој го зборувале Словените, како и преводите на Библијата и неколку богослужбени книги на старословенски јазик. Заради нивната благородна мисија, прогласени се за рамноапостоли, а Ватикан ги прифаќа како патрони на Европа и ги чествува секој 24 мај.

Со цел да го зачуваме делото и придобивките на светите браќа Кирил и Методиј од заборав, во одбележувањето на нивниот Ден традиционално се вклучени и припадниците на младите генерации Македонци.  Во дел од предавањето со пригоден рецитал се вклучија ученичките Јана Велинска и Андреа Будиноска, кои ја посетуваат наставата по македонски јазик и култура по моделот Ц, под менторство на наставничката Деспина Белчовска Велинска.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе