Home » Советодавни денови во Дизелдорф

Советодавни денови во Дизелдорф

by Rebeka Spasova
35 views

Претставници на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, на 13. и 14 мај 2025 година, ги одржаа Советодавните денови во Дизелдорф, Република Германија со колегите советници од Германското пензиско осигурување.

Беа реализирани средби со осигуреници кои имаат работен стаж во Република Северна Македонија и во Република Германија, а беше одговорено и на прашања на странки кои немаа закажан термин за средба со претставниците на ФПИОСМ.

На советодавните денови се работеше во две работни групи и беа реализирани вкупно 64 средби со осигуреници, од кои 11 беа без претходно закажан термин.

Најчесто поставуваните прашања се однесуваа на периодот на работен стаж навршен во Северна Македонија, начинот на регулирање и генерирање на непотврдениот работен стаж, законските услови за остварување на право на пензија и на инвалидска прензија во Северна Македонија, кога децата-корисници на семејна пензија го губат правото на пензија, кои се условите за докуп на стаж.

Советодавните денови беа можност и за споделување на информации за конкретни предмети, а  беа разменети и искуства од работата и проблемите со кои се соочуваат Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Макеоднија и на Германското пензиско осигурување.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе