Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската државна делегација која ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), денеска посетата на САД ја започна на литургијата во црквата Свети Никола во Тотова во Њу Џерси по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица. Претседателката на средбата со припадниците на македонската дијаспора во Њу Џерси најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.
Повеќе инфо на: Сиљановска Давкова ќе формира Совет за соработка со дијаспората – МКД.МК (mkd.mk)