Home » Свечено отворено проширувањето на библиотеката на литературното друштво “Браќа Миладиновци”

Свечено отворено проширувањето на библиотеката на литературното друштво “Браќа Миладиновци”

by trinitymedia
20 views
Денес беше свечено отворено проширувањето на библиотеката на литературното друштво “Браќа Миладиновци”, секција при црквата Св.Климент Охридски во Торонто, материјално помогнато од управата на црквата и од членот на друштвото госпоѓа Вера Вржовска-Петревска.
На оваа свеченост, меѓу присутните членови на друштвото, присутни беа и парохискиот свештеник отец Александар Тодоровски, претседателот на црковната управа господин Борис Траикос и претседателот на литературното друштво господин Зоран Карапанчев кои ја пресекоа свечената лента.
Иницијаторот за формирање црковни библиотеки, госпоѓа Вера Вржовска-Петревска по пригодниот говор подели подароци во чест на оваа свеченост.
Повеќе информации на: https://www.facebook.com/share/p/1Q2iBVRNva/

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе