Home » Свечено одбележан празникот на Св. Четириесет битолски и севастиски маченици

Свечено одбележан празникот на Св. Четириесет битолски и севастиски маченици

by Stanela S
2 views
Во чест на празникот Св.Четириесет битолски новомаченици и четириесет севастиски маченици” во ,,МПЦО Св. Апостол Тома” се одржа Богослужба водена од Отец Јован, на која присуствуваше делегацијата од Агенцијата за иселеништво. По Литургијата Отецот Јован ги повика верниците за помасовно присуство и причест на децата.
Директорот Горан Ангелов во своето обраќање им го честита денешниот празник на присутните и ја изрази својата радост дека и во Луксембург народот има свој духовен дом и за првпат претставници од Агенцијата се во посета на Црквата.
По кратката информација за работата и проектите на Агенцијата, директорот Ангелов подари икона од Воскресение
Христово, а претседателот на одборот Миле Мајсторски се заблагодари срдечно за посетата и подари црковни сувенири на гостите.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе