Home » Свечена седница по повод 20-годишен јубилеј на ЗГМНМ „Гоце Делчев“ – Врање

Свечена седница по повод 20-годишен јубилеј на ЗГМНМ „Гоце Делчев“ – Врање

by Rebeka Spasova
55 views

На покана од страна на ЗГМНМ „Гоце Делчев“, Пчињски округ, Врање, Р Србија, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Друштвото, како и чествувањето на патрониот празник на градот и друштвото „Св.Три Ерарси“.

На свечената седница во рамки на програмата се доделуваа благодарници на заслужни членови на Друштвото, а свое обраќање имаа претседателката на Друштвото, Соња Величковиќ, претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, советникот од Општината задолжен за малцинствата и директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов.

Директорот Ангелов го истакна своето задоволство за присуството на еден ваков значаен настан, се заблагодари до Националниот совет за грижата за правата на Македонците во Р Србија, како и до српските власти што преку ингиренциите на градоначалникот даваат поддршка за активностите и опстојувањето на Друштвото од неговото формирање до ден-денес. Воедно, упати честитки за 20-годишниот јубилеј со желби за успешна работа во иднина и плодна соработка со Агенцијата за иселеништво.

Програмата беше збогатена со изведба на македонски изворни песни од страна на детскиот хор при Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ од Врање.

Во просториите на Друштвото, во присуство на бројни членови и гости, празнувањето на јубилејот и славата продолжија со македонска музика и македонски специјалитети подготвени од членките на Друштвото.

Директорот Ангелов додели Признание за постојаното чување и негување на македонската култура за време на 20-годишното постоење на Здружението.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!