4
			
				            
			        
    Во храмот на Македонската Православна Црковна Општина „Св. Кирил и Методиј“ во Гетеборг, се отслужи Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со протоереј-ставрофорите Блажо Кожарски и Евтин Велкоски, парохиски свештеници во Шведска.
На Литургијата во чин чтец беше произведен Димитри Матовски, исто така беше благословен и пресечен славскиот колач, симбол на заедништвото, љубовта и единството меѓу народот и Црквата. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, се одржа свечен чин на осветување и поставување камен-темелник за изградба на параклис за палење свеќи, посветен на Покров на Пресвета Богородица.
„Овој благословен настан се случи во 25-то лето Господово 2025, на денот кога нашата Света Црква молитвено ги празнува Св. маченици Тарах, Пров и Андроник, како и Преподобниот Козма Мајумски. Чинот на осветувањето го изврши надлежниот архиереј на Македонската Православна Епархија за Европа – Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со свештенослужители од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.“
Настанот беше заокружен со заедничка трпеза на љубовта, во духот на благодарност, духовна радост и заедништво.
Господ да го благослови
овој благословен почеток!
Повеќе информации: https://www.facebook.com/share/p/19c8zWPPmf/?mibextid=wwXIfr
			
             
			         
														

