Од 14 до 16 ноември, во Белград, ќе се одржи ревија на македонски филмови. На настанот посетителите ќе може да уживаат во македонски филмски класици, современи филмови, музички изведби и ексклузивни средби со автори.
Настанот, кој е во организација на продуцентските куќи ФИЛМОСКОПИЈА од Србија и НЕСТ Продукција од Македонија, ќе се одржи во УК Пароброд, Белград, со поддршка на: Министерство за култура на Република Србија, Општина Стари Град, Република Србија УК Пароброд, Филмски центар на Србија Филмски новости, Кинотека на Северна Македонија, Амбасада на Република Северна Македонија, Стопанска комора на Република Северна Македонија, Винарија Тиквеш Кораб Трница. Директор на ревијата е Јорданчо Петковски, а уметнички директор е Вардан Тозија.
За програмата прочитајте на линкот: Ревија на македонски филм и музика во Белград