Home » Работна средба на Агенцијата за иселеништво со Македонскиот клуб „Илинден“ во Луксембург

Работна средба на Агенцијата за иселеништво со Македонскиот клуб „Илинден“ во Луксембург

by Stanela S
2 views
На покана од страна на Македонскиот клуб Илинден од Луксембург, делегација на Агенцијата за иселеништво оствари работен состанок со раководството и членовите на клубот, предводен од страна на г-дин Сафет Алили.
На состанокот се дискутираше за засилување на поддршката од страна на државата кон иселениците преку формирање на Национален совет за дијаспора на државно ниво и формирање Комисија за дијаспора на општинско ниво.
Како клуб кој се одликува со голем број донации низ болниците на Република Македонија, се дискутираше и за системска канализација на донациите, олеснување на процедурите и внесување на филантропијата во сите национални стратегии во државата.
Клубот Илинден е формиран 1993 г. и со неговото возобновување се подготвуваат идни активности.
Во знак на благодарност и поддршка директорот Ангелов подари плакета со ,,Македонски симбол на вечноста” и знаме на Република Македонија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе