Home » Работна средба во Хрватското собрание

Работна средба во Хрватското собрание

by Stanela S
4 views

На покана на пратеникот Армин Хоџиќ денес, како наставнички по македонски јазик, имавме чест да учествуваме на работна средба во Хрватскиот сабор и да изразиме искрена благодарност за континуираната и силна поддршка во областа на образованието што ни ја обезбедува Република Хрватска.

Особено ја истакнавме важноста на поддршката што со години ја добиваме за реализација на наставата по македонски јазик и култура по Модел Ц, која континуирано се изведува веќе 21 година. Овој вид настава им овозможува на учениците да го зачуваат мајчиниот јазик, да го негуваат сопствениот културен идентитет и да развиваат чувство на припадност и меѓусебна почит во мултикултурно општество.

Во текот на сите овие години се обезбедени стабилни услови за работа, стручна поддршка и можности за дополнително усовршување, што значително придонесува за квалитетот на наставата и напредокот на учениците. Континуираната институционална поддршка ја потврдува важноста на образованието на јазикот на националните малцинства и придонесува за зајакнување на меѓукултурниот дијалог и заедништвото во хрватското општество.
Благодарни сме за разбирањето, соработката и отвореноста кон иницијативите што го унапредуваат образованието и положбата на Македонците, со уверување дека оваа успешна соработка ќе продолжи и во иднина.

Упатуваме искрена благодарност до господин Армин Хоџиќ и хрватските институции за укажаната чест и можност. Веруваме дека ваквите средби придонесуваат за понатамошно зајакнување на меѓусебната соработка, почит и разбирање.

Деспина Белчовска Велинска
Сашка Соломоновска – Јаневска

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе