Со свечена цермонија, во неделата (8 декември), во рецепцијата „Шелдон“, се прослави матурата по македонски јазик за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во саботните училишта при Викториското училиште за јазици (VSL). Оваа беше триесет и третата генерација на матуранти во Викторија, годинава составена од 20 ученици од сите саботни училишта на VSL.
Во Викторија македонскиот јазик се изучува во пет државни училишта како дел од наставата и во четири центри на „Викториското училиште за јазици“, кое е исто така државно, само часовите се одржуваат во сабота.
Најголема гордост и успех на македонската заедница во Мелбурн е основното училиште „Лајлор Норт Прајмари“, во кое децата од забавиште до шесто одделение имаат настава паралелно и на англиски и на македонски јазик. По завршувањето на основното, овие деца, во зависност од тоа во која населба живеат, може да продолжат да го учат јазикот или во редовните или во саботните училишта. Основните одделенија се задоволително посетени, но на ниво на средно училиште бројот на ученици постепено се намалува.
Повеќе за церемонијата прочитајте на линкот: Прослава за матурирањето на учениците по македонски јазик од Викторија – Australian Macedonian Weekly & Today