Во Сиднеј по 17. пат се одржа Македонска матурска вечер за Нов Јужен Велс. На оваа вечер во присуство на родителите и официјални гости им беа доделени дипломите на 18 матуранти.
Вечерта беше збогатена со соло изведба на виолина од Виолета Шопова, а потоа настапи КУД „Илинден“ со сплет македонски ора и песни. Искрена благодарност и честитки од Македонскиот просветно-училишен одбор беа упатени до спонзорите, помагателите и пријатели на македонскиот јазик кои несебично помогнаа со цел да се продолжи оваа света мисија во одржување на македонскиот јазик во Австралија.
Повеќе прочитајте овде: Прослава за матурирањето на учениците во НЈВ – Australian Macedonian Weekly & Today