11
Денес имавме прекрасна промоција на книгата ПРИКАЗНИ ОД ТОРОНТО во која се збрани 21 литературно дело од 18 ученици на училиштето по македонски јазик при црквата Св.Климент Охридски и 5 поетски дела на Др.Ристо Маџнуков, член на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, гранка при истоимената црква.
Промоцијата ја отвoри Претседателот на литературното друштво господин Зоран Карапанчев, а почесни говори одржаа отец Александар Тодоровски, Претседателот на црквата господин Борис Стоикос, учителката при црковното училиште по македонски јазик за деца и возрасни госпоѓа Снежана Тесовиќ и техничкиот уредник и финанскиот подржувач на овој проект госпоѓа Вера Благојевиќ Самарјанин.
Посетителите на Промоцијата беа пријатно изненадени од читањето на творбите од страна на младите автори, а средбата се заврши со пригодна закуска донирана од управата на црквата.