Home » Промоција на книгата „Нека биде сонце“ од Бранкица Богатинов

Промоција на книгата „Нека биде сонце“ од Бранкица Богатинов

by trinitymedia
13 views
На 7 октомври во амфитеатарот на Универзитет Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво во соработка со Универзитетот, се одржа промоција на книгата „Нека биде сонце“ од Бранкица Богатинов, наставник по биологија во Дуго Село, Република Хрватска и наставник по македонски јазик од 2022 година по модел Ц.
„Нека биде сонце“ е прва нејзина збирка песни во која сликите се авторско дело исто така.
Книгата е издадена со поддршка од страна на Хрватско-македонско друштво, чии лченки Лена Дапиќ и Јудита Реј Худечек беа присутни на промоцијата и говореа за книгата, за првата промоција во Р.Хрватка и за улогата и значењето на литературните дела во иселеништво за чувањето на македонскиот јазик и традиција.
Директорот Горан Ангелов се обрати на промоцијата со честитки до авторката и надеж дека ќе твори и понатаму и ќе биде дел од активностите на Агенцијата од областа на литературното творештво.
Настанот го водеше Марија Костадиновска, а од книгата читаа учениците од ОУ Иван Бенковиќ кои ја следат наставата по македонски јазик во Дуго Село.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе