Home » Претседавачот на Бордот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Арџи (Аргир) Белио, оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов

Претседавачот на Бордот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Арџи (Аргир) Белио, оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов

by Rebeka Spasova
17 views
Во просториите на Агенцијата за иселеништво, претседавачот на Бордот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Арџи (Аргир) Белио, оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов. На средбата се разговараше за различни проекти и иницијативи поврзани со македонските иселеници и за начините на кои може заеднички да се работи на организиран и стратешки пристап кон дијаспората.
 
Арџи Белио упати благодарност до директорот Ангелов за историските чекори што се преземаат и за искрените намери кон унитарен и обединувачки пристап меѓу организациите од дијаспората.

Во рамки на посетата, и учесниците на програмата Birthright Macedonia 2025 имаа можност да ги посетат просториите на Агенцијата, да се запознаат со нејзината работа и да споделат свои ставови и младински иницијативи за унапредување на врските помеѓу младите Македонци ширум светот и нивната земја на потекло.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе