Home » Претпразнични посети на Агенцијата за иселеништво

Претпразнични посети на Агенцијата за иселеништво

by trinitymedia
5 views
Непосредно пред новогодишните и божиќните празници Агенцијата за иселеништво е отворена за сите иселеници кои по повод празниците се вратија во своите родни краишта. Денес директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари средби со претставници на иселеничките организации: Македонско здружение за култура „Македониум“ од Салцбург, Австрија, Македонско друштво „Мак-Мел Бургдорф“ од Швајцарија , МПЦО „Св. Пророк Илија и Св.Архангел Михаил“ во Брисел и од Литературното друштво „Глигор Прличев“ од Сиднеј, Австралија.
Претставниците за време на посетата во пријатна атмосфера разговараа за своите тековни и идни проекти особено од областа на културата и наставата по македонски јазик и поддршката од страна на Агенцијата за иселеништво за реализација на истите.
Директорот Горан Ангелов им посака добредојде во својата татковина, им ги честита новогодишните и божиќните празници и им заблагодари за издвоеното драгоцено време за посета на Агенцијата за иселеништво која за иселениците претставува втор дом.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе