Поддржете го или пријавете се за Православниот Христијански Летен Камп 2025 во Македонија.
Летниот камп, кој се одржува по трет пат, ќе трае од 20 до 27 јули 2025 и е организиран од Свети Нектариј Битолски, непрофитна хуманитарна организација, со поддршка на волонтери од Македонија и дијаспората и Обединета Македонска Дијаспора,
Кампот е предвиден да обединува дечиња од дијаспората и локални македонци , вклучувајќи и деца од семејства со ниски приходи, во православно христијанска атмосфера, исполнувајќи ги со забава, другарство и духовно созревање, како и изучување на морален начин на живот и македонски традиции.
Локацијата е Хотел LakeView Отешево. Кампот е наменет за деца од 9 до 16 години, со можност за флексибилност. Обезбеден е превоз од Скопје, Битола до кампот и назад, како и за екскурзии кои се дел од програмата на кампот.
Програмата вклучува дневни часови за основите на православната вера, црковен и животен морал, македонска историја, здравје, кулинарство и хигиена. Децата ќе имаат можност да посетат историски цркви и манастири, да учествуваат во пливање, планинарење, хорско пеење, македонски ора, православна христијанска уметност, музика и други активности.
Тимот на кампот вклучува теолози, наставници, лекари, фармацевти, историчари, туристички водичи и духовен отец од Преспанско-Пелагониската епархија.
Користењето мобилни телефони не е дозволено, освен 30 минути навечер за контакт со семејството. Јазикот на кампот е македонски, но има говорници на англиски, германски и други јазици.
Котизацијата за учество изнесува 350 евра
Побрзајте со регистрација – Засега имаме слободни 10 места за деца од дијаспората
. Апликацијата за камп 2025 е достапна онлајн на следниов линк: https://secure.everyaction.com/ovRB0a-FmE-CB-1YDbb6fg2
За повеќе информации, контактирајте:
Во дијаспората: Томе Таневски и Константина Ваневски (Базел, Швајцарија) – svnektarij@protonmail.com
Во Македонија: Гордан Јорданов – gjordanov@umdiaspora.org
Пријавете се и станете дел од ова уникатно искуство.