Златко Јаков, специјалист по општа хирургија кој десет години работел во Прилеп, по 11 години работа во Германија како лекар, се вратил во Македонија и скоро три месеци помага на хируршкото одделение во прилепската болница.
Работев 10 години во Прилеп, 11 бев години во Германија. Планот беше да се вратам. Се створија услови, си дојдов. Скоро три месеци помагам на ова одделение, на хирургија, со дежурства, во моето слободно време, а чекам официјално да бидам преземен и да почнам да работам со новата апаратура. Позната ми е, имам искуство, изјави денеска д-р Јаков пред новинарите кои присустуваа на промоцијата на два нови .медицински апарати и тоа лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедски одделение со 4К резолуција.
Повеќе прочитајте на линкот: По 11 години работа во Германија, хирургот Златко Јаков се врати во болницата во Прилеп: Задоволство е да се работи со овој народ – Република