8
За време на престојот во Северна Рајна Вестфалија директорот на Агенцијата за иселеништво оствари средба со претседателот на Македонскиот културен клуб ,,11 Октомври” Солинген, Миле Николоски и посета на клубските простории.
За време на средбата претседателот Николоски информираше за активностите на клубот, за одржувањето на традиционалните македонски вечери по повод ,,11 Октомври” и Нова Година, за поддршка и интеграција на новодојдените Македонци во Солинген и околината, како и за претстојниот вински саем на кој планираат да ја презентираат Македонија преку македонските вина пред голем број Германци.
На средбата присуствуваше и Отец Трајче Грозданов од МПЦО ,,Св.Петка Дизелдорф” кој е во постојана комуникација и духовна поддршка ни сите иселеници и друштва во Дизелдорф и околината.
Во знак на благодарност директорот Ангелов му подари на клубот теракотна икона со мотив од Архангел Михаил.


