Драги Македонци,
По повод денот на смртта на македонскиот поет Гане Тодоровски, 18.5.2025 год., неколкумина почитувачи на неговото дело го посетиле неговото вечно почивалиште во Кожле, Скопје и му оддале пристојна почит. Јас позајмив неколку фотографии од поставката на колешката Лидија Доџовска-Павловска на нејзиниот ФБ профил направени на денот на настанот.
Убаво е да се погледнат, зашто мнозина од нас нема да имаат прилика намерно да се одвозат до Кожле за да го посетат неговото почивалиште. На фотографиите, покрај гробот, ги има и предната и задната страна и „Убавите жени“, кои тој почесто со пиетет во песните ги спомнуваше. За мене беше вистинска другарчина од човек со кој можевме да зборуваме за сè и сешто, а и за „Убавите жени“ . Ја истргав од мојата архива и неговата песна, која во свечени прилики, во просторите од МЛД „Григор Прличев“ во Сиднеј, лекарот Васил Тулевски наизуст ја рецитира.
Овој гест од посетата на гробното место на поетскиот наш боем Гане Тодоровски е и во меморија на Крсте Петков Мисирков, кој пред смртта рекол „Луѓе ќе доаѓаат, ќе доаѓаат за да ме видат“.
А хаха можно е и мене луѓе Македонци да ќе доаѓаат да ме видат – на последните светски меридијани.
Ве поздравува
Иван Трпоски, Сиднеј