8
Денес делегација од Агенцијата за иселеништво ја посети МПЦО “Св. Кирил и Методиј” во Дортмунд во придружба на екипа од МРТ, новинарката Александра Велинова Радевска и снимателот Дејан Божиновски, која направи прилог и директно вклучување во попладневните вести со известување од Литургијата, Светата Причест на голем број присутни верници, за црковниот и културен живот како и за филантропските активности на заедницата.
По неделната Литургија делегацијата беше срдечно пречекана од Управниот одбор, претседателот Зоран Ташов, Протојереј Ставрофор, Отец Душко Пецов, сопругите кои подготвија вкусна посна трпеза и останати посетители!
Медиумската покриеност на денешната Литургија на Црквата “Св. Кирил и Методиј” од Дортмунд беше во организација на Агенцијата за иселеништво, со цел информирање на македонската јавност за богатиот духовен, социјален и културен живот на Македонците кои живеат и работат во Дортмунд и околината