Во организација на Здружението „Вардар“ од Качарево, по повод празникот Свети Kирил и Методиј, се одржа поетски маратон кој собра бројни љубители на пишаниот збор и почитувачи на македонската култура. Настанот се одржа под покровителство на Македонскиот национален совет, што уште еднаш ја потврди поддршката за зачувување и негување на јазичниот и културниот идентитет.
На манифестацијата присуствуваа околу 30 поети кои творат на македонски и српски јазик, со што уште еднаш беше истакната блискоста и заемното влијание на двете култури преку уметничкиот израз.
Настанот помина во топла и инспиративна атмосфера, исполнета со емоции, патриотизам и почит кон македонската и српската културна традиција.
Повеќе за настанот прочитајте на линкот: Поетски маратон во Качарево по повод Свети Кирил и Методиј – MAK info