Home » Повик за настава по македонски јазик од далечина (онлајн)

Почитувани,

Агенцијата за иселеништво неколку години по ред организира настава по македонски јазик од далечина (онлајн) за децата со потекло од Македонија што живеат во странство.

Ве молиме да нè известите дали има заинтересирани деца за ваков вид настава, а доколку има ние повторно ќе ја организираме. Наставата би започнала на 1 септември 2025 година и форматот би бил два часа седмично.

Ве молиме заинтересираните што поскоро да ги пријават децата, бидејќи ќе треба да се спроведе проверка на знаењето на македонскиот јазик и да се организираат паралелки според степенот на познавање на македонскиот јазик.

Пријавите праќајте ги на мејл адресата: info@minisel.gov.mk

Со почит,

Агенција за иселеништво

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе