Home » Повик за изборно собрание на новата црковна општина Св. Нектариј Егински во Лондон

Повик за изборно собрание на новата црковна општина Св. Нектариј Егински во Лондон

by trinitymedia
2 views
Почитувани
Македонци и Православни Христијани од околината на Reading, Slough, Windsor, Bracknell, Maidenhead, Twyford, Andover, Newbury….
Со особена радост ве известуваме дека со благослов на надлежниот Митрополит на Европската Епархија МПЦ на 31/01/2026 (Точна локација и време дополнително ќе следува) ќе се оддржи Генерално, Основачко и Изборно Собрание за новоформираната Македонска Православна Црковна Општина посветена на св Нектариј Егински која ќе се основа со цел да одговори на Духовните и Патриотски потреби на Македонската емиграција која ги населува горенаведените населени места и градови.
Важна напомена: Секој Православен Христијанин и пријател на Македонецот е добредојден да земе учество на ова собрание како и да предлага, избира и да биде избран во телата и органите на Црковниит Управен Одбор (ЦУО).
Во согласност со правилникот на Епархијата за Европа и Статутот на МПЦО за Велика Британија во склоп на самата МПЦО ќе бидат основани и Училиште по Македонски Јазик
Спортска секција
Хор
Женска Секција
Културно Уметничко Друштво
Литературна Секција
Играорна група
Секој добронамерен Македонец кој има дар или наобразба а пред се чиста мисла и желба да му служи на својот народ во било која форма од горенаведените активности е добродојден и со радост прифатен.
Бог по молитвите на св Нектариј Егински нека се смилува на нас и да ја благослови работата на новата МПЦО.
Христос посреди нас
✝️
Иницијативен Одбор
Св Нектариј Егински

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе