Пензионерското друштво „Ривер Сајд“ при МПЦ „Св. Илија“, Мисисага, редовниот ручек го организира на 3 декември , во 12 часот напладне, во салата на МПЦ „Св. Илија“.
Ручекот ќе биде подарен од семејството на Џим Маркович, а приходот од ручекот ќе биде наменет за инсталирање на нова врата на нашата втора црква „Св. Злата Мегленска“. Вратата ќе биде рачно резбана во Македонија.
„Повелете, со вашето присуство и вие станувате дел од нашата добротворна акција. Бог да ја награди вашата човекољубивост и дарежливост“, велат во поканата од Пензионерското друштво.