Home » Патување низ светот преку вкусови, бои и култури

Патување низ светот преку вкусови, бои и култури

by Rebeka Spasova
8 views

Со гордост и достоинство, македонската заедница во Трентино ја претстави својата татковина пред италијанската јавност. Настанот организиран од Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ уште еднаш покажа дека македонската традиција, култура и обичаи се живо наследство што ја обединува дијаспората и ја пренесува силата на идентитетот и корените.

Агенцијата за иселеништво упатува искрена благодарност до организаторите и учесниците, кои преку песна, игра, народна носија, збор и вкус го претставија духот на Македонија.

Од Македонското културно друштво испратија порака полна со емоција и љубов кон Македонија:

„Ви благодариме од срце на сите вас што одвоивте време, енергија и љубов!  Ви благодариме што овде, во Италија, ја претставивте нашата татковина на достоинствен и горд начин… Нека оваа средба биде потсетник дека каде и да сме, срцето ни чука во ритамот на нашата култура. Продолжуваме да градиме мостови, да чуваме вредности и да го носиме македонското со гордост.“

Агенцијата за иселеништво оценува дека ваквите средби не се само културни настани, туку и живи мостови меѓу Македонија и светот, кои ја зацврстуваат врската на дијаспората со своите корени.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе