Во просториите на Агенцијата за иселништво се одржа официјален прием на новоименуваниот заменик-директор, г. Фатљум Јусуфи, од страна на директорот на Агенцијата, г. Горан Ангелов. На средбата се разговараше за приоритетите во работата, стратешките цели и можностите за тесна соработка во насока на унапредување на правата и интересите на иселениците, особено од албанската заедница, како и на целата дијаспора од Република Северна Македонија.
Директорот Ангелов му посака добредојде на г. Јусуфи и ја истакна важноста на меѓусебната институционална соработка за успешна реализација на Стратегијата за иселеништво 2024 – 2027.
Од својата страна, заменик директорот Јусуфи изрази подготвеност да придонесе со посветеност и транспарентност во исполнувањето на задачите и достоинство преставување на иселениците.
Средбата се одвиваше во конструктивна работна атмосфера со заедничка цел – ефикасна комуникација со граѓаните во дијаспората.