Општо за кампот
Охрид Камп за високотехнолошка извонредност е едукативен летен камп наменет за ученици на возраст од 11 до 15 години од Македонија и од македонската дијаспора. Кампот ќе се одржи во Охрид, во периодот од 05 до 11 јули 2026 година.
Целта на кампот е да ги поттикне младите да развиваат интерес и знаења во областа на СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика), како и да ги охрабри да размислуваат критички, креативно и тимски. Кампот претставува и можност за личен развој, вмрежување и размена на искуства со врсници од земјата и странство. Убаавината на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе со македонско потекло и млади од нашава земја, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети. Особено сме среќни што изминативе години успавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар, Шведска, Малта, Францијаи др, но искрено се надеваме ќе успееме да привлечеме и учесници од другите земји од светот.
Охрид камп за високотехнолошка извонредност, во изминатите години, е под покровителство на Претседателот на РСМ.
За програмата
Едукативната програма е фокусирана на кодирање, роботика и инженерско размислување, и се реализира преку практична, проектно ориентирана настава. Учениците работат со современи СТЕМ алатки и платформи, вклучително и LEGO® Education и FABLE роботски системи, под менторство на сертифицирани и искусни едукатори.
Програмата комбинира:
- теоретски и практични СТЕМ сесии,
- тимска работа и решавање на реални предизвици,
- развој на вештини за 21 век (комуникација, лидерство, критичко размислување),
- културни и социјални активности, запознавање со природното и културното наследство на Охрид.
Кампот се реализира во безбедна, поддржувачка и инклузивна средина, со целосна грижа за учениците во текот на целиот престој.
Повеќе за проектот на следниот линк:https://macedonia2025.com/ohrid-hi-tech-excellence-camp/
На следниот линк можете да ги осознаете импресиите на нашите поранешни учесници: https://www.youtube.com/watch?v=ELahdUgnuxM&list=PLj9OcPCGo_tBSrRg05cZfd3AsQDPU-7VF&index=5&t=144s
Рок за аплицирање: 15 април 2026 година
Аплицирањето се врши преку https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/22
каде се достапни и сите детали, критериуми и упатства за апликација.
Процесот на аплицирање се состои од три едноставни чекори:
- Симнете ја апликациската форма за учесникот (достапна на нашата https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-the-ohrid-hi-tech-excellence-camp-2026/ и на самата https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/22)
- Симнете го формулар за согласност од родител/старател (достапна на нашата https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-the-ohrid-hi-tech-excellence-camp-2026/ и на самата https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/22)
- Прикачување на потребната документација со дополнување на основни податоци согласно упатствата објавени на Повикот објавен на платформата се поднесуват на https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/22
