Home » Отворање изложба на Оливера Цавриќ во Загреб

Отворање изложба на Оливера Цавриќ во Загреб

by Rebeka Spasova
7 views

На 20 март 2025 година во Загреб ќе се отвори самостојна изложба на Оливера Цавриќ.

„Под привидот, море на љубовта чека на нас“, со почеток во 19 часот, во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб, Хебрангова 4.

Овој проект го реализира Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб со помош на Културно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб.

Изложбата е отворена во период од 20.3. до 28.3.2025 година.

 

Осврт за изложбата:

Денешната уметничка сцена може грубо да се подели на дела и автори што нè поттикнуваат на размислување и оние што будат емоции во нас. Но, ретки се делата што успеваат истовремено да предизвикаат и интелектуален ангажман и силно емотивно доживување. Токму таква е новата изложба на Оливера Цавриќ „Под привидот, море на љубовта чека на нас“, која нуди единствено медитативно аудиовизуелно искуство.

Изложбата е замислена како своевидно патување низ три поврзани уметнички дела кои заедно чинат единствена целина кое тера на рефлексија, на чувствување и разум. Цавриќ  не само што себереферентнo го рекреира самиот творечки чин, туку ја повикува публиката да го доживее.  Имено идејата за оваа изложба е дојдена токму во еден таков момент на рефлексивност, едно лето, на плажата Мала Сребрена на островот Вис каде Под привидот, морето на љубовта чека на нас, наведува Саша Станишиќ во Предговорот на изложбата.

Оливера Цавриќ родена е во Скопје 1978 година. Дипломира 2003 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек за сликарство, во класата на проф. Душан Перчинков. Ова ѝ е втора самостојна изложба, а досега учествува на бројни групни изложби. Долгогодишното искуство во маркетиншката индустрија остава значителен белег врз нејзиниот уметнички израз, обликувајќи го нејзиниот визуелен јазик и пристап во создавањето. Покрај сопственото уметничко творештво, Цавриќ води седмични ликовни работилници во своето студио, каде го споделува своето знаење и искуство со другите љубители на уметноста. Главниот фокус во нејзината уметност се предизвиците на поединецот во современото општество, посебно односот меѓу рационалното и интуитивното. Преку своето творештво, таа настојува да го оснажи поединецот и да го истражи концептот на „универзална среќа“.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!