Home » Одржан прв меѓуресорски состанок за „Бесплатен дигитален курс по македонски јазик“ за иселениците

Одржан прв меѓуресорски состанок за „Бесплатен дигитален курс по македонски јазик“ за иселениците

by Stanela S
3 views
Одржана средба за подготовка на „Бесплатен дигитален курс по македонски јазик“ за иселениците
Денес во Агенцијата за иселеништво се одржа првиот меѓуресорски состанок за реализација на проектот „Бесплатен дигитален курс по македонски јазик“ од страна на комисијата составена од претставници на надлежните институции: Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Педагошка служба, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Кабинет на претстедателот на Владата и Агенцијата за иселеништво како носител на проектот.
На состанокот се дискутираше за подготовките и процедурите кои треба да ги спроведат институциите, секоја во рамки на надлежностите, за креирање на платформа која ќе содржи богати образовни содржини, достапни до иселениците од целиот свет.
Особено фокусот ќе биде насочен кон помладата генерација, со цел да го учат мајчиниот јазик во време кога се слободни од секојдневните обврски, а со надградување на содржините со повисоки нивоа платформата ќе биде корисна и за возрасните иселеници кои имаат интерес да го негуват својот мајчин јазик.
„Бесплатниот дигитален курс по македонски јазик“ е проект кој произлегува од редовната Програма на Владата, со цел унапредување на врските со иселениците, помагање на културниот развој и зачувување на националниот идентитет.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе