Home » Одржани третите по ред Иселенички литературни средби

Одржани третите по ред Иселенички литературни средби

by Rebeka Spasova
42 views
Агенцијата за иселеништво денес ги одржа третите по ред „Литературни средби“ на кои се промовираа делата и писателите кои творат и живеат во странство. За активно учество на средбата се пријавија писатели од иселеништво и од Македонија, со цел вмрежување, размена на искуства и дискусии околу предизвиците со кои се среќаваат во средините каде живеат и работат.
 
Поздравно обраќање имаа директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и претседателот на Друштвото на писателите, Живко Грозданоски, кои им посакаа топло добредојде и успешна средба, со желби манифестацијата да добие традиционален карактер и да прерасне во заеднички проект.
 
Се претставија следните учесници, писатели од иселеништво:
– Зоран Карапанчев и Весна Карапетрова од Канада;
– Емилија Тодорова, Владо Јаневски, Нове Младеновски и Оливера Јовановска од Австралија;
– Светлана Далевска од Германија;
– Ана Илијоска Богиќ и Искра Пенева од Србија;
– Мирјана Мајиќ од Хрватска;
– Марјан Смоларски од Швајцарија;
– Лилјана Стоилковска, Александра Велинова, Митко Гогов и Ставре Џиков од Македонија.
 
На настанот директорот Ангелов на писателот Владо Јаневски од Сиднеј му ја врачи наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија која Агенцијата ја доделува при Струшките вечери на поезијата, а Јаневски ја доби во август 2024 г.
 
Настанот го водеше Билјана Костова.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе