Home » Незаборавна Вечер за 8 Март – Македонска Фолклорна Музика во Живо со Стефче Стојковски (Нирнберг)

Незаборавна Вечер за 8 Март – Македонска Фолклорна Музика во Живо со Стефче Стојковски (Нирнберг)

by Stanela S
4 views
Почитувани дами , почитувани пријатели и љубители на добрата музика,
во чест на жената, љубовта и традицијата,
Македонска фолклорна група Нирнберг со голема чест ве поканува на незаборавна вечер посветена на Денот на жената – 8 Март.
Вечер исполнета со душа, традиција и емоција, заедно со нашиот амбасадор, ментор и виртуоз Стефче Стојковски- човекот што со музика ја раскажува приказната на Македонија.
Да се собереме и да го прославиме овој посебен ден со звуците на автентичната македонска фолклорна музика, со ора од сите краишта на Македонија и атмосфера што се чувствува со срце.
 Музичка програма:
Ве очекува музичка магија во живо:
• Игор Котески-тапан и вокал–
• Веселин Илиоски-клавијатура и вокал –
• Стефче Стојковски- кавал, гајда, зурла и други народни инструменти
Светски познат, а наш Македонец, народен уметник-Стефче Стојковски со срце и душа ги оживува звуците пренесувани од колено на колено, одсвирени и зачувани со љубов за нашите идни генерации.
Настанот ќе го збогати и Македонска фолклорна група Нирнберг, со ора богати со историја и традиција.
Професионално фотографирање со тематски декор ќе биде дел од настанот. МК photography !
Убавите моменти заслужуваат да бидат зачувани.✨
 Датум: 07.03.2026
 Време: 18:00 часот
Локација: Moorweg 10, 90592 Schwarzenbruck
 Влезници:
Возрасни: 20 €
Деца од 10-16години: 10 €
Деца од 0-9години бесплатно
Местата се ограничени – резервирајте навреме!
📞 Резервации и информации:
Игор: 01522 7521098
Дејана: 01577 3267064
Ве очекуваме на вечер исполнета со традиционална македонска музика, ора и радост и секако храна за сечиј вкус.
Дојдете заедно да славиме, пееме и играме- во чест на жената, во чест на традицијата.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе