Home » Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје подари 125 наслови на Агенцијата за иселеништво

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје подари 125 наслови на Агенцијата за иселеништво

by Rebeka Spasova
12 views
Во рамки на предвидените активности од официјалната владина програма за одбележување 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, Националната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски“- Скопје ѝ подари 125 наслови (264 примероци), меѓу кои и Правописот, на Агенцијата за иселеништво, за потребите на Летната школа за учење на македонскиот јазик во Охрид, како и за училиштата и литературните друштва во иселеништво.
 
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во знак на благодарност,на Библиотеката подари икона од Св. Климент Охридски, а директорот на Библиотеката, Јовица Никчевски, библиотечниот фонд на Агенцијата за иселеништво го збогати со новоиздадената монографија „Национална и универзитетската библиотека ,Св.Климент Охридски’- Скопје, ризница на знаењето – чувар на наследството“.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе