18
Агенцијата за иселеништво бепе посетена од страна на наставничката по македонски јазик во Македонското училиште во Камбера „Св.Климент Охридски“, Лидија Самеска Трпеска, и нејзиниот сопруг Алекс Трпески, кои неколку години, волонтерски, со голем труд, посветеност и љубов успеваат да им ја доближат татковината на многу Македончиња преку јазикот и културата на нивните родители.
Секоја година Лидија и Алекс за време на престојот во Македонија обезбедуваат учебен материјал за потребите на училиштето во Камбера. Со оглед на тоа што од септември со почетокот на учебната година има пријавено поголем број на нови ученици, од Агенцијата за иселеништво им беа обезбедени учебници, лектири, како и стручна педагошка литература од донацијата на книги од професорката Ленка Гогоска.
Часовите по македонски јазик се одвиваат секој петок во попладневните часови во простории под наем. Желбата на наставниците Трпески е во иднина да им се обезбедат простории и да се вклучи наставата во рамки на Црковната општина, за да се заштедат средства и истите да се вложат за издигнување на квалитетот на наставата во повисоко ниво и да се примат поголем број на ученици и наставници.