Home » Насмевки, гордост и дипломи на последниот ден од Летната школа во Охрид

Насмевки, гордост и дипломи на последниот ден од Летната школа во Охрид

by trinitymedia
191 views
Денес, на последниот ден од нашата Летна школа, со радост ги заокружуваме деновите исполнети со знаење, пријателства и љубов кон македонскиот јазик и култура.
 
Нашите вредни учесници подготвија рецитации на песните „Мојата татковина“ и „Родниот јазик“, презентираа плакати со информации за Охрид, Галичката свадба и Чинарот, беше интонирана државната химна, а изведени беа и македонските песни „Македонско девојче“, „Километри“, „Македонија“ и „Јовано, Јованке“.
 
На крајот следуваше најсвечениот момент – доделување дипломи за сите учесници, заслужен аплауз и топли зборови.
 
„Kaде и да бидете, не заборавајте кој сте и oд каде сте“ – оваа порака ќе ја носиме со себе.
 
Благодарност до сите деца, родители и поддржувачи! 

До следна средба со уште поголем ентузијазам и љубов кон татковината!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе