Наградените ученици, Леон Вибовец од Дуго Село, Јана Димоски и Ерин Пернар од Загреб, учествуваа во поетскиот конкурс на тема „Рацин во моите очи“, кој го распиша МКД „Охридски бисер“ од Загреб, и беа учесници на 57. Детски Рацинови средби.
Посетија значајни места во Скопје меѓу кои и НУ „Музеј на македонската борба за самостојност“.
Учениците љубопитно слушаа и учеа за македонската историја. На самиот крај пријатно ги изненади поставката за Анте Поповски, чија поезија е позната и многу често изведувана од страна на учениците Македонци во Хрватска.
Учениците беа пресреќни што можеа на овој начин да се запознаат со Анте Поповски.