Home Иселенички СтраниЕвропа Наградата „4 Ноември“ за риечката лекторка Билјана Стојановска-Ѓуриќ, која ги учи студентите во Хрватска македонски јазик

Наградата „4 Ноември“ за риечката лекторка Билјана Стојановска-Ѓуриќ, која ги учи студентите во Хрватска македонски јазик

by Rebeka Spasova
10 views

Веќе шест години битолчанката м-р Билјана Стојановска-Ѓуриќ како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска, им предава на хрватските студенти македонски јазик и книжевност. Само овој семестар на додипломски студии има 40 Хрвати кои македонскиот јазик го избрале како изборен предмет, а таа предава и Преведување на постипломските студии каде ако се избере македонскиот јазик, неговото изучување е задолжително.

Освен како лектортаа презема и бројни други активности за популаризација на македонскиот јазик, литература и култура во Хрватска, поради што Oпштина Битола ѝ ја додели наградата за едногодишни достигнувања „4 Ноември“.

„Наградата ,4 Номеври’ особено ми значи зашто мојот труд е препознат од мојот роден град. Во Битола сум родена и сум се школувала до мојата 18 година, а сега оддалеку придонесувам за промоција на Битола и на Македонија“, рече Стојановска-Ѓуриќ.

Целата вест прочитајте ја овде: НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ“ ЗА РИЕЧКАТА ЛЕКТОРКА БИЛЈАНА СТОЈАНОВСКА-ЃУРИЌ, БИТОЛЧАНКА ПО РАЃАЊЕ, КОЈА ГИ УЧИ СТУДЕНТИТЕ ВО ХРВАТСКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Сакам Да Кажам

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!