Прв гостин ќе биде професор д-р Грозданоски кој во 1990 е избран за професор на Православниот богословски факултет во Скопје. Предава: Библија – Свето писмо на Новиот завет и старогрчки јазик.
Тој е познат професор и педагог чија мисла и дело се особено значајни и високо ценети во теологијата и науката, образованието и воспитанието, верата и моралот, Црквата и општеството денес.
Забележителни се неговите учества и на дебатите по општозначајните и современи теми, присуствувајќи и во медиумите и во оштествената јавност преку свои искажувања, стручни мислења и настапи за прашања од тие области.