Home » Мелница повторно ги обединува срцата: „Мелнички иселенички средби 2025“ со богата програма

Мелница повторно ги обединува срцата: „Мелнички иселенички средби 2025“ со богата програма

by Rebeka Spasova
18 views

Селото Мелница во Општина Чашка и оваа година ќе биде домаќин на културниот настан „Мелнички средби, 2025“, кој ќе се одржи во петок, на 25 јули, со почеток во попладневните часови. Настанот ќе се реализира кај спортскиот терен на ООУ „Тодор Јанев“ и претставува уште една можност за поврзување на иселените мелничани од родниот крај и прослава на заедништвото, традицијата и културата.

Организатор на средбата е Здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ од Мелница, во соработка со здружението „МАК – МЕЛ“ од Швајцарија и Германија, со поддршка од Општина Чашка.

Први ќе настапат девојките од село Мелница, кои секогаш носат посебна енергија и гордост на сцената, по што следува настапот на Културно-уметничкото друштво „Тодор Јанев“ од населба Чашка. Веднаш потоа ќе се претстави и Културно-уметничкото здружение „Карпош“ од Крива Паланка. Публиката потоа ќе има можност да ужива во настапот на популарната пејачка Сузана Гавазова, по што атмосферата ќе ја загрее  и пејачот Цаки Кисми, а вечерта ќе заврши со голема народна веселба и жив настап на групата КИСМИ.

„Мелнички средби 2025“ ветуваат незаборавна вечер исполнета со топлина, спомени, нови пријателства и искрени емоции, настан што ќе остане во срцата на сите што ќе бидат дел од него.

Прочитајте повеќе на линкот: Мелница повторно ги обединува срцата: „Мелнички иселенички средби 2025“ со богата програма – ДУМА.мк

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе