Home » МАКЕДОНЦИТЕ ВО БРИСЕЛ ЈА ПРОСЛАВИЈА ХРАМОВАТА СЛАВА НА МПЦО „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА И АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО БРИСЕЛ ЈА ПРОСЛАВИЈА ХРАМОВАТА СЛАВА НА МПЦО „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА И АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

by Stanela S
5 views
По повод Св. Архангел Михаил, патронот на единствената македонска православна црковна општина во Белгија, вчера на 22 ноември 2025во Брисел во црквата Chapelle pour l’Europe, се одржа Света Литургија богослужена од Отец Жарко.
По литургијата, во духот на заедништво и празнично расположение, Македонците кои живеат и работат во Белгија се собраа на свечена прослава во чест на патрониот празник. Присутните уживаа во домашно приготвена славска трпеза, македонско вино, ракија и убава македонска песна.
Искрена благодарност до сите што беа дел од овој настан и кои со своето присуство и личен придонес ја направија прославата уште поубава и посвечена! 
Неизмерна благодарност и до сите кои помогнаа во подготовка и реализација на настанот: Лорета, Кате, Ленче, Сузана, Александар, Дана и Стив, Виолета, Фросина, Јованка, Дарко, Габриел и Наде, Маик, Јована и Никола, Филип, Гоце, Трајче, Жико, Даниел, Јован, Сања и Иво, Бојана и Мартин, Александар и Боба, Ивана и Милош, Милена, Даниела и Ванчо, Дарко и Билјана, како и сите други кои помогнаа, но сакаа да останат анонимни.
За многу години, нека ни е честита и вечна црковната слава Св. Архангел Михаил! 
До следно видување за Божиќ!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе