Home Иселенички СтраниАвстралија Македонски куп во Викторија 2024: Престон Македонија го освои купот во машка и женска конкуренција

Македонски куп во Викторија 2024: Престон Македонија го освои купот во машка и женска конкуренција

by trinitymedia
10 views

Минатите сабота и недела (14-15 септември) се одржа Македонскиот куп во Викторија. Домаќин на настанот оваа година беше Лајло Јунајтед Слога. На него учество зедоа екипите на: Престон Македонија, Алтона Маџик Вардар, Сиднам Парк Македонија, Џилонг Македонија, Пленти Вали Лајонс, Кило Волци, Шепартон Македонија и домаќинот Лајло Јунајтед Слога.

Финалните средби се одржаа во неделата и во нив најуспешни беа екипите на Престон Македонија кои ги освоија пехарите со првиот тим во машка конкуренција но и со женската екипа. Сиднам Парк Македонија беше најуспешен со подмладокот и во финалето ја совладаа Алтона Маџик Вардар со 1:0. Кај ветераните победи екипата на Шепартон Македонија која играше нерешено со Сиднам Парк Македонија но беше поуспешна на изведувањето пенали.

Повеќе инфо на: Македонски куп во Викторија 2024: Престон Македонија го освои купотво машка и женска конкуренција – Australian Macedonian Weekly & Today (amwtoday.com.au)

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!