Home » Македонскиот јазик и култура претставени на Фестивалот на јазиците во Кантон Тичино

Македонскиот јазик и култура претставени на Фестивалот на јазиците во Кантон Тичино

by Stanela S
3 views
Во периодот од 02 до 13 март 2026 година се одржа Фестивал на јазиците во повеќе основни училишта во Kантон Тичино.
 По петти пат зедов учество на фестивалот во училиштата Scuola Media Locarnо 1, SM Cevio и SM Morbio Inferiore, каде одржав предавања во деветитте одделенија за македонскиот јазик и национална култура. Учениците покажаа посебен интерес, активно учествуваа и размислуваа, пишуваа зборови на македонски јазик и им поделив соодветен материјал.
 Благодарност до организаторите проф. по германски јазик Maria Loglio и проф. по француски јазик Elena Ruggieri, за поканата да учествувам на овој оригинален настан кој оваа година е во седумнаесетото издание, со кој им се овозможува на учениците од деветто одделение од различни локации низ Кантон Тичино преку богат избор на интерактивни работилници да искусат еден поразличен ден од она што го доживуваат секој ден на училиште и да се запознаат со нови јазици и култури како што се арапски, ерменски, босански, естонски, кинески, македонски, полски, јапонски, португалски, шпански, турски и знаковен јазик.
 Предложените активности ќе можат да придонесат за доживување на повеќејазичноста во Швајцарија, во Европа и во светот не како пречка, туку како форма на изразување и извор на културно и интелектуално богатство, значајно за изградба на идентитетот, средба со нови светови и алатки за отвореност кон луѓето од друга националност.
,,Јазиците не се само зборови. Тие се начини на гледање на светот. Тие се клучеви за цивилизациите”.
Р. Ф. Куанг

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе