Во просториите на Општина Рикалдоне, Италија, градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, и со градоначалничката на Рикалдоне, Laura Graziella Bruna, потпишаа Меморандум за соработка, со кој двете општини официјално добија статус на збратимени општини.
Соработката ќе се одвива преку размена на искуства и имплементација на заеднички проекти, со цел подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на одржлив развој за жителите на двете општини.
Особено значење ова збратимување има за македонската дијаспора во Италија, а градоначалникот Атанасовски упати благодарност до здружението „Заедно – Insieme“ од Рикалдоне и до сите Македонци кои живеат и работат во регионот Пиемонт.
„Верувам дека денешниот чин е темел на едно долго, искрено и плодотворно пријателство меѓу нашите општини,“ изјави Атанасовски.
Прочитајте на линкот: Македонска Каменица и Рикалдоне официјално се збратимени општини – градоначалникот Атанасовски најави ново поглавје во меѓуопштинската соработка –